Основање и развој

Уште од основањето во 1992 година, во “БЛАНК“ се поставени постулатите за работење и соработка во односите со клиентите (правни и физички лица), кои се базираат на целосна професионалност и кооперативност, а се со цел за задоволување на барањата на истите за функционалност на инсталираниот софтвер.

Покрај софтверот што е веќе готов, (комплетни решенија за комерцијална-финансиска евиденција, поединечни, мрежни и поврзани меѓу себе - по желба на корисникот), правиме и софтвер по порачка спрема потребите на нарачателот. Во функција на подршка на инсталираниот апликативен софтвер се и нашите договори за одржување на истиот по истекот на гаранцискиот рок. Вршиме комплетен компјутерски инженеринг, со тоа што, во нашата работа и изведба се вклучени и реномирани надворешни фирми и соработници.

Непобитен факт, е тоа што од своето создавање "БЛАНК" нема ниту еден клиент кој ги откажал нашите услуги. Тоа е последица на адекватните програмски апликативни решенија, одржувањето на софтверот, следење на законските норми и прописи, адекватен и навремен одговор за секој проблем и што е многу важно, достапност за секој вид поддршка во тек на цело работно време, а по потреба и вон работното време (поврзана со нашето работење и специфицирано со договор).

Microsoft Certified Proffesional Microsoft Certified Application Developer Microsoft Certified Solution Developer Microsoft Certified Technlogoy Specialist
Microsoft Specialist

Кариера

Во компанијата е вработен високостручен кадар од разни профили, кој свесен за својата положба и опкружување, е дел од деловноста во добри и лоши времиња - информатички инженери, економисти, електро инженери, градежни инженери со информатички насоки. Работејќи за компанијата работат за свој интерес, со што си обезбедуваат сигурна работа за себе и за идните генерации.

Во тој контекст, ги следиме новите технички и технолошки достигнувања од нашата област и се трудиме тие продукти да бидат вградени во нашите решенија како би биле конкурентни на пазарот. За таа цел, вработените во "БЛАНК" се усовршуваат со школувања и обуки на разни семинари, со што се стекнуваат со меѓународно признати професионални сертификати од разни области.

Тимска работа

Тимската работа е претпоставка и гаранција за нашиот настап и нашиот деловен успех, па заради тоа и соработуваме со надворешни соработници и компании. Стабилноста и напредокот симболично се изразени со нашето лого, со сина и жолта боја, како симболи на сигурност и професионалност кои неминовно водат кон успех.