Информациски инжинеринг
Следете го деловниот процес во реално време.
Изработуваме посебни студии за Информатички инженеринг. Снимање на состојбите во одредено претпријатие и препорака како и со што да се решат одредени ситуации во процесот на работењето. Следете го деловниот процес во реално време. Системите за планирањe на деловните ресурси ги поврзуваат сите податоци и процеси во еден целосно интегриран систем. Клучен елемент во нашиот систем е користење на една обединета (компактна) база на податоци која ги собира и чува податоците од различните модули во системот.
Менаџментот може да ги следи сите трошоци во моментот на создавање
Нашиот систем ги следи сите ресурси во реално време, т.е. секоја промена се евидентира во моментот кога се случува, па раководителот во секој момент може да има извештај. Со имплементација на нашиот интегриран систем, менаџментот може да ги следи сите трошоци во моментот на создавање па веднаш (во од) да го „прилагодува“ работењето. Со воведување на нашиот систем можете да очекувате меѓусебно информациско поврзување на сите делови на претпријатието и укинување на редундантните податоци и редундантниот внес на податоци. Во претпријатијата кај кои е тоа важно, можат да се остварат големи заштеди и забрзување на деловните процеси само врз база на поврзувањето.
Останати услуги
Софтвер по порачка
“БЛАНК” изработува и Апликативен софтвер по порачка за специјални намени за потребите на службите во претпријатието.Пример е Студентска евиденција, која се користи само во Студентските домови за распоред на студентите по домови, соби, Факултети, години на студирање... Пример за софтвер по порачка е и Благајничко работење со посебна евиденција на трошоци по лица и видови трошок...