Деловен софтвер

Деловен Софтвер од областа на Финансиска Евиденција, Материјална Евиденција и Услужни дејности, кој овозможува централизирано управување со податоците, ниски трошоци и поголемa продуктивност во работењето. Финансиска евиденција, како категорија на деловен софтвер, го опфаќа целокупниот процес на финансиски движења во едно претпријатие. Материјална евиденција ги поврзува сите софтверски решенија кои се грижат за движењата, количините и салдата на материјалите, полупроизводите и готовите призводи во претпријатието. Во оваа категорија на деловен софтвер се опфатени и големопродажбата и малопродажбата. Интегрираниот систем Business Mediator на Blank, користи централизирана база на податоци со единствен внес, со што овозможува заштеда во времето и пониски трошоци во работењето. Business Mediator-от е достапен во повеке софтверски пакети, во зависност од обемот и потребите на Вашата компанија.

Финансиска Евиденција

Финансиска Евиденција го опфаќа целокупениот процес на финансиски движења во едно претпријатие. Во оваа категорија на деловен софтвер вклучени се деловни програми за водење на финансиските текови (Финансово работење - Салда/Конти, Благајничко работење, Фактури, Пресметка на Плата, Книга на Влезни Фактури со Вирмани, Основни Средства,...). Деловните програми кои спаѓаат во категоријата финансиска евиденција, можат да работат самостојно и да се меѓусебно поврзани во интегриран систем со централизирана база на податоци.

Материјална Евиденција и Производство

Материјалната Eвиденција поврзува и содржи деловен софтвер кој се грижат за движењата, количините и салдата на материјалите, полупроизводите и готовите призводи во претпријатието. Тука е опфатена големопродажбата и малопродажбата. Посебен дел од Материјалната евиденција е евиденцијата на производствениот процес (работни налози, нормативи....). Целокупниот деловен софтвер кој е дел од оваа категорија е поврзан во интегриран систем - Business Mediator, а исто така секој деловен програм може да работи самостојно.

Услужни Дејности

Услужни Дејности како категоријата на деловен софтвер, ги опфаќа деловните програми за брза и точна евиденција на услугите. Во делот на услугите спаѓаат деловни програми за Регистрација на возила, Технички Преглед, Авто школа, Туристичка агенција, Евиденција на студенти по домови,... Деловниот софтвер од оваа категорија е изработен по порачка на клиентите и е изработен према нив потреби и во склад со законски норми и регулативи. Сите деловни програми можат да работат самостојно односно поврзани во интегриран систем со централизирана база на податоци.

Софтверски Пакети - Blank Business Mediator

ОСНОВЕН (BASIC)

Пакет доволен за книговодство со основни потреби : Материјално работење, Финансово работење, Фактури со автоматско раскнижување.

КОМПАНИЈА (COMPANY)

Пакет наменет за водење книговодствена евиденција на микро и мали претпријатија. (Материјално работење, Финансово работење , Фактури со автоматско раскнижување, а дополнет со Влезни Фактури, Вирмани и Пресметка на Плата)

БИЗНИС (BUSINESS)

Комплетно сопствено книговодство со напредни извештаи и сигурносен пристап до податоците. (Финансово работење, Материјално работење, Фактури со автоматско раскнижување, Книга на влезни фактури, Вирмани, Пресметка на Плата, Благајна, Основни Средства)

ПРЕТПРИЈАТИЕ (ENTERPRISE)

Најоптимална опција за напредно претпријатие со сопствено книговодство (или книговодствено биро) со сите елементи односно процеси од областа на Комерцијално / Финансиска евиденција. Неограничен број на правни субјекти. (Финансово работење, Материјално работење, Фактури со автоматско раскнижување, Книга на влезни фактури со пресметки на влезен данок и печатење и евиденција на Вирмани, Пресметка на Плата, Благајничко работење, Основни средства, Персонална евиденција, Малопродажба)

КОРПОРАЦИЈА (CORPORATION)

Сите наведени софтверски пакети во еден комплексен пакет. Интегриран систем кој ги поврзува во единствена целина без повторување на внесот на податоците. Надоградба и вклучување на нови софтверски решенија во системот зависно од дејностите на претпријатието. Неограничен број на правни субјекти.

МАРКЕТ (MARKET)

Малопродажба со фискализација на принтер: Калкулација, ПЛТ (Приемен лист во трговијата), ЕТ (Евиденција во трговијата), Дневен промет, Попис, Лагер листи, Материјална картичка...