• Basic Business Mediator
  • Company Business Mediator
  • Business Mediator
  • Enterprise Business Mediator
  • Corporation Business Mediator
  • Market Business Mediator

Blank Business Mediator

Blank Business Mediator е архитектура изградена како компактен систем со јака бизнис логика, цврсто интегриран во три основни движечки мотори – единствен внес, брза и точна обработка и јасни извештаи за контрола и одлучување. Blank Business Mediator Ви нуди комплетно Интегриран процес од софтверски пакети кој овозможува брза, лесна и точна евиденција на целокупниот процес на работа во едно претпријатие. Типот на претпријатието (трговија на мало или на големо, производство, услуги...) не е никаков ограничувачки фактор, затоа што со вклучување / исклучување на одредени софтверски пакети (модули) целосно се заокружува процесот.
Blank Business Mediator – от е изработен да ги задоволи бизнис потребите на процесот на работа и посебно потребите на раководниот кадар за управување со процесите. Неговите перформанси се така оптимизирани да може да се работи во една затворена мрежа или на далечина, што денеска не е никаков фактор на ограничување, што овозможува координација и контрола на дислоцирани работни единици. Во овој Интегриран систем е вградено 20 годишното искуство на кадрите кои се вработени во “БЛАНК” кои се високо квалификувани и сертифицирани во своите области.

Софтверските пакети Blank Business Mediator Ви овозможуваат :

  • - Интеграција на нови и постоечки процеси за лесно и оперативно подобрување
  • - Пониски трошоци за работа преку рационализацијата и оптимизацијата на процесите подржано со работната автоматизација
  • - Ги применува најдобрите практитки во вашето работење кои функционираат во бизнис околината
  • - Стандардизација на управувањето преку едно софтверско решение
  • - Оптимизација на настаните брзо враќање на вашата инвестиција

Софтверските пакети Blank Business Mediator:

Име на софтверски пакет Опис на софтверски пакет

ОСНОВЕН (BASIC)

Пакет доволен за книговодство со основни потреби : Материјално работење, Финансово работење, Фактури со автоматско раскнижување.

КОМПАНИЈА (COMPANY)

Пакет наменет за водење книговодствена евиденција на микро и мали претпријатија. (Материјално работење, Финансово работење , Фактури со автоматско раскнижување, а дополнет со Влезни Фактури, Вирмани и Пресметка на Плата)

БИЗНИС (BUSINESS)

Комплетно сопствено книговодство со напредни извештаи и сигурносен пристап до податоците. (Финансово работење, Материјално работење, Фактури со автоматско раскнижување, Книга на влезни фактури, Вирмани, Пресметка на Плата, Благајна, Основни Средства)

ПРЕТПРИЈАТИЕ (ENTERPRISE)

Најоптимална опција за напредно претпријатие со сопствено книговодство (или книговодствено биро) со сите елементи односно процеси од областа на Комерцијално / Финансиска евиденција. Неограничен број на правни субјекти. (Финансово работење, Материјално работење, Фактури со автоматско раскнижување, Книга на влезни фактури со пресметки на влезен данок и печатење и евиденција на Вирмани, Пресметка на Плата, Благајничко работење, Основни средства, Персонална евиденција, Малопродажба)

КОРПОРАЦИЈА (CORPORATION)

Сите наведени софтверски пакети во еден комплексен пакет. Интегриран систем кој ги поврзува во единствена целина без повторување на внесот на податоците. Надоградба и вклучување на нови софтверски решенија во системот зависно од дејностите на претпријатието. Неограничен број на правни субјекти.

МАРКЕТ (MARKET)

Малопродажба со фискализација на принтер: Калкулација, ПЛТ (Приемен лист во трговијата), ЕТ (Евиденција во трговијата), Дневен промет, Попис, Лагер листи, Материјална картичка...

Карактеристики на софтверски пакети

- Централизирано управување со поглед на сите деловни функции од една платформа

- Управување и контрола на процесите низ повеќе канали

- Внес на податоци од повеќе места во системот и евиденција за обработката

- Подржува реално време за обработка и координација со сите модули

- Административна флексибилност да се поделат и управуваат и организациски и функционални процеси

Предности од користење на софтверски пакети

- Подобрување на продуктивноста на вашата работна сила и на работењето

- Подобрување на клиент искуство и усогласување на работењето со корпоративното управување

- Единствена платформа за администрирање на повеќе нивоа

- Пониски трошоци преку автоматизација и рационализација на процесите

- Подобрување на сите текови со повеќе системска транспарентност и флексибилност во обработка на податоците