Microsoft ја прекина поддршката за Windows XP
Американскиот софтверски гигант „Microsoft" во вторник, 8-ми април, ја прекина техниката поддршка за оперативниот систем Windows XP и за пакетот на апликации Office 2003. Оперативниот систем Windows XP, кој беше лансиран пред 13 години, повеќе нема да добива надградувања кои обезбедуваат заштита од вируси и други закани, објави Microsoft на официјалниот сајт.
Корисниците на Windows XP можат да продолжат да работат на оваа оперативна програма, но ќе бидат изложени на одредени ризици, бидејќи нема да има ажурирање на оперативниот систем, особено од аспект на безбедноста. Со ова тие ќе станат поподложни на дополнителните закани од кражба на идентитетот или банкарските информации. Последните неколку месеци бројот на нападите врз овој оперативен систем, според податоците на Microsoft, се зголемил за шест пати.
Финансиските организации, чијашто работа е поврзана со банкарските картички, продолжувајќи да го користат застарениот систем, повеќе нема да бидат усогласени со барањата на меѓународните стандарди. Од друга страна повеќето банкомати работата на специјалната верзија Windows XP, чијашто поддршка ќе продолжи до 2016 година.
Корисниците можат да проверат на која точно верзија на оперативен систем работи компјутерот на сајтот AmIRunningXP.com, кој доколку идентификува Windows XP покажува како да се ажурира оперативниот систем. Оние, пак, коишто не можат да се откажат од XP-то, експертите од лабораторијата ЕSET ги советуваат да ги инсталираат сите достапни надградувања, да го уредат вообичаеното резервно копирање на податоците (data backup) и да се обидат да направата резервна копија на други компјутери, коишто ќе ги ажурираат со легални апликации и антивирусен софтвер.
Оперативниот систем Windows XP беше лансиран на 25-ти октомври 2001 година. Ознаката XP произлегува од англискиот термин experience - искуство. Платформата остави импресивен впечаток кај корисниците, останувајќи до август 2012 година, како најмногу користениот оперативен систем.
Колку оперативиот систем Windows XP, бил и сеуште е популарен, ни кажува и податокот што дури и денес кога и самиот Microsoft го “праќа во историја“, опфаќа 27,7 отсто од пазарот. Според овој показател платформата се повлекува пред Windows 7, на која отпаѓа 48,8 отсто од пазарот. Верзиите Windows 8 и Windows 8.1, пак се присутни со 11 отсто од пазарот на персоналните компјутери.