Завршува Главната Поддршка За Windows 7

 

Заврсува Поддршката за Win 7Windows 7 слободно може да се каже дека е веќе стар оперативен систем. Тој беше представен на 22-ри Октомври 2009 година, што значи дека веќе влегува во неговата шеста година. Меѓутоа слабата популарност на Windows 8 направи да седмата верзија од системот остане најмногу користена и популарна, па корисниците воопшто не гледаат на него како стар систем кој што треба да го променат со понов, а тоа посебно важи за компаниите.

Microsoft престана да врши продажба на лиценци за Windows 7, освен за Enterprise верзијата, на производителите на компјутери на 31-ви Октомври 2014 година. Тоа значи дека производителите нема да можат да продаваат нови компјутери со овој оперативен систем, па остана да ги продаваат само останатите залихи.

Денеска официјално завршува главната, таканаречена мејнстрим поддршка за Windows 7, поточно Windows 7 Home Basic, Home Premium и Ultimate Service Pack 1. Тоа значи дека од денес, па натаму овој оперативен систем нема да добива нови функции, промена на дизајнот, како и бесплатна поддршка за корисниците.