Магацинско / Mатеријално Работење
Магацинско / Mатеријално работење во едно претпријатие, со сите пропратни документи и извештаи.
Во програмот Магацинско работење е додаден и Софтвер за Производство, па истото може да се евидентира и следи. Програмот материјално работење дава можност да крајниот излез може и не мора да биде со фактури - програмот фактури може да работи и самостојно. Програмот магацинско / материјално работење може да работи и само како магацинско работење без цени и како материјално работење или пак заедно. Магацинското работење овозможува подобрување на целокупната магацинска ефикасност при работењето и директните услуги. Исто така, го поедноставува управувањето со залихите преку амортизација. Затварање односно отворање на картиците се врши автоматски, откако ќе се направат пописи и истите се евидентираат.
Софтвер за производство
Софтвер за Производство кој е во тесна врска со магацинското работење и следењето во едно претпријатие, ги содржи сите документи и извештаи потребни за работење. Покрај редовните документи (Требувања, Преносници,...), софтверот за производство во себе содржи и Нормативи за работа, операции по ставки и Составница за секој производ како и Работен налог, кои атоматски ги повлекуваат потребните репроматеријали.
Општо за програмот Магацинско / Материјално Работење
Програмот за Магацинско работење односно Материјално работење работи според сите позитивни законски норми кои ги пропишува Законот. Документите се дизајнирани во склад со упатствата што ги дава Министерството за финансии и Управата за приходи, што резултираше со идентичен внес на податоци за сите документи. Постигнат е и ист изглед на менијата и полињата што резултира со многу едноставна обука и примена на прогармот магацинско работење односно материјално работење. Што се однесува до разните Извештаи, тие се изработени према потребите на повеќе фирми во зависност од нивната дејност и барања. Во програмот магацинско работење т.е. материјално работење е вградено повеќедецениско искуство од областа на Комерцијално / Финансовите работи како и повеќедецениско искуство на професионални и сертифицирани ИТ експерти во делот на програмирањето и ИТ дизајнот. Севкупната работа и квалитетот се потврдени со брендирањето на системот под името „Blank Business Mediator“, во „Државниот завод за индустриска сопственост“ на Република Македонија.
При стартот на програмот веднаш Ви се појавува табела на Критични количини, а по неа и табела на Рок на траење на артиклите, поделени по магацини. Евиденцијата на артиклите е по ФИФО метода или по Просечни цени (избор на Корисникот на почетокот кога се поставува Апликацијата).
Сите екрани (панели) се идентични и се состојат од Прв дел (глава на документот), во кој се поместени и некои функции како „КОРЕКЦИЈА НА ЗАГЛАВИЕ“ , „ИЗБОР НА ДОКУМЕНТ“, „БРИШИ ЦЕЛ ДОКУМЕНТ“,... Втор дел со специфични податоци за артиклот (магацин, шифра на артиклот, данок, место на трошок, задолжен,...) и Трет дел во кој автоматски се редат слоговите кои веќе се процесирани (снимени) со што добиваме и преглед на документот.
Влезни документи
Базите се полнат со Влезните документи (Девизна калкулација – ако имаме увоз, Денарска калкулација – доколку се изработува или директно со Приемница). Ако внесот оди преку некоја Калкулација, после нејзиното правење (пополнување) се притиска копчето Приемница и таа е веќе е готова со што е наполнет и лагерот и соодветните картички т.е. влезот е завршен. Ако пак влезот се прави директно со Приемница („F10“), со нејзиниот внес се добива истиот ефект (лагер, картица...).
-
Приемница
На екранот за Приемница се гледаат сите полиња кои треба да се пополнат. Посебно објаснување нема бидејќи секое поле зборува само за себе. Кај полето за количина, стои со црвено, колку имаме на лагер од тој артикал, а десно од него со плаво е ознацено каде се потрошени досегашните количини. Полето за Складиште програмот го прескнува. Тоа поле се активира ако кликнете директно на него и е наменето за фирми кои имаат големи магацини и складишта, па им е потребна точна позиција за некој производ (сала, колона, рафт, полица,...).
-
Повратница од Испратница
Документ кој се внесува ако сте испратиле стока на некој клиент а дел од стоката Ви се враќа. Има третман на влезен документ и постапката е иста со внесот на Приемница.
Излезни документи
-
Испратница
Испратницата има исти полиња како и Приемницата, само активноста е спротивна т.е. та ги празни магацините.Испратницата е специфична во долниот дел каде под редот за печатење на документот има уште еден ред кој е специјално за оваа намена. Кога е готова Испратницата Операторот кликнува на полето ФАКТУРА и со внес на бројот и жиро сметката на која треба да се плати, фактурата е готова. Кога се отвара тоа копче се појавува нов панел во кој можете да изберете каква ќе биде фактурата – Денарска или Девизна (на англиски јазик). Исто така можете да запишете и дали фактурата е платена со притисок на копчето ПЛАТИ, со што добивате и картица за плаќања по секоја фактура. До Фактурата се уште две полиња СПЕЦИФИКАЦИЈА и ПРЕСМЕТКИ. СПЕЦИФИКАЦИЈА Е за фактура која има артикли (готови производи) од сопствено производство со Норматив и Налог за производство и ги содржи потрошените количини на репроматеријали за артиклите од оваа фактура. ПРЕСМЕТКИ е извештај со пресметки за секоја фактура кои се користат во Сметководство за раскнижување (автоматско или рачно) Таа ги содржи сите податоци за износите. Вкупен износ на фактура, набавен износ, продажен , разлика, ДДВ 18% ДДВ 5% .......
-
Испратница на мало
Овој документ е за оние фирми кои имаат сопствени магацини и сопствени продавници. Со овј документ продавницата се понли автоматски, без акција од продавачот.
Потполно иста постапка како и редовна испратница со тоа што во долниот десен агол има копче КАЛКУЛАЦИЈА ВО ПРОДАВНИЦА. Со стискање на ова копче се отвара екрасн и бара да кажете која продавница е во прашање и број на калкулација. После тоа Калкулацијата за малопродажба е готова. (од неа автоматски може да се направи и ПЛТ и ЕТ и се што треба во една продавница => видете Малопродажба)
-
Требување
Требувањето е интерен документ кој по активноста е ист со Испратница но не подразбира фактура. Најчесто се употребува за задолжување на одредени лица со некои Артикли или за задолжување со ситен инвентар. Неговата примена е многу битна во Производството каде со завршување на Работниот налог автоматски се празни одреден магацин за одредени репроматеријали за одреден готов производ.
-
Издатница
-
Повратница од приемница
-
Групни фактури
Во програмот Магацинско / Материјално работење се појавуваат шифрарници за :
- Коминтенти => сите потребни податоци за еден коминтент Фирма, ЕДБ, Адреса, Банка, Жиро сметка.... Ако ги немате податоците за клиентот , во тој случај кај полето за ЕДБ кликнувате на ЕДБ кое е плаво и програмот директно ќе ве однесе на сајтот на Централен регистар каде можете да ги добиете сите податоци за овој коминтент
- МТР (Места на трошоци) =>ако претпријатието има потреба од следење на трошоци по одредени категории (група, проект, ....)
- Магацини => ако претпријатието има повеќе магацини за различни материјали
- Артикал => Шифри на артиклите од било кој вид. Шифрите се внесуваат со сопствен редослед (броеви) или со barcode
- Тип артикал => Ова е поделба на артиклите во еден магацин по својата сродност. Кога се бара лагер листа , типот овозможува филтер само за одреден вид (пластика, електроматеријал, бела техника......)
- Вид на превоз => Податок за превоз на стока кога има транспорт
- Норматив => Правење на норматив за производство на одреден артикал кој влегува во налогот за производство по вид и количина
- Критична количина => Податок кој се појавува на почетокот при вклучување на програмот и дава листа на артикли чии количини се веќе во критичната маса, т.е.количина која сами ја одредуваме за секој артикал према неговата потрошувачка
- Складиште => Ако претпријатието има повеќе складишта во кои се сместени повеќе магацини (Шпедиции) . Со евиденцијата по складишта, магацини, полици... точно се знае која стока каде се наоѓа и полесно физички се пребарува
- Рок на траење => Многу битен елемент особено за стока која има одреден рок (прехрамбени артикли, лекови, хемиски смеси,...). Податок кој се појавува на почетокот при вклучување на програмот и дава листа на артикли чии рокови влегле во критичното време на траење т.е. датум кој го внесуваме како рок на траење.