Шифрарници
Програмот за Шифрарници е заеднички за сите програми за понатамошна работа. Сите шифри се внесуваат еднаш, а после можат да се коригираат по потреба. Програмот за Шифрарници е посебен програм кој е достапен на сите други програми. Во него се опфатени сите категории на можни шифрирања. Тука се сите единечни мерки, артикли, типови, магацини, коминтенти, конта, возила, бои, номенклатури.... Во конкретен програм се појавува шифрарник со конкретни елементи кои се потребни за работа со програмот (не се појавува целиот шифрарник).
- Во програмот за Магацинско / Материјално работење се појавува шифрарник кој содржи : Коминтенти, МТР (Места на трошоци), Магацини, Артикли, Типови на артикли, Вид на превоз, Нормативи, Критична количина, Рок на траење, Складишта
- Во програмот за Финансово работење ги имаме следните шифрарници : Контен план, Коминтенти и МТР (Места на трошоци)
- Во програмот за Евиденција и пресметка на Основни Средства се појавуваат шифрарниците : Коминтенти, МТР (Места на трошоци), Сектор, Местоположба, Категорија, Конто и внес на ревалоризација
- Програмот за Регистрација на возила во себе содржи други категории на шифрарници заради својата специфичност. Така во него можат да се видат шифрарниците за : Лица, Коминтенти, Возила, Типови на возила, Видови на возила, Намена на возило, Бои, Номенклатури, Привилегии за лица, Привилегии за коминтенти, Нефискален тип на плаќање, Договор за лица, Договор за правни лица, Административни забрани,...
Шифрарниците се појавуваат во различен обем и број, во зависност кој програм односно деловен софтвер е активен.Како и останатиот деловен софтвер така и програмот Шифрарници е отворен за надоградба, во зависност од потребите на клиентите и законските норми.