Малопродажба / Продавница
Малопродажба / Продавница во себе ги содржи сите потребни законски документи (ПЛТ, ЕТ, дневни извештаи, картици, даноци, продажба,...), и поврзан е со фискална каса или фискален принтер
На програмот малопродажба може да му се додаде и програмот фактури од продавница. Програмот малопродажба / продавница работи како класична продавница, тобако систем или пак со задолжување и раздолжување на дневниот промет.
Програмот за Малопродажба дозволува целосна евиденција на прометот по фискални каси, по смени или пак по вработен (продавач). Овој програм овозможува да се направи попис во било кое време, па дури и неколку пати на ден. Кусоците и вишоците автоматски се прокнижуваат во лагерот, во Трговската книга и на Картица.
Програмот за Малопродажба дозволува и менување на цените при самата продажба (повисока или пониска од редовната). Во позадина програмот сам прави Нивелација и ја враќа цената во нормала како што е пропишана.
Програмот за Малопродажба може да се користи и како мини книговодство. Во тој случај се дозволува и водење на Влезните и Излезние фактури со сите нивни извештаи. Да се постигне комплетна контрола на финансиската евиденција, вградено е и следење и внесување на Изводите од банка, па се евидентираат сите влезови и излези од жиро сметката преку овие изводи.- Маркети - фискализирана малопродажба поврзана со Магацинско работење
- Продавници - фискализирана малопродажба
- ТОБАКО (продавници 24 часа) - фискализирана малопродажба
- Бензински пумпи - фискализирана малопродажба
- Калкулации на мало
- Ресторантско работење поврзано со фискален апарат