Финансово Работење
Софтвер за Финансово Работење наменет за комплетно работење од областа на книговодство и финасии
Програмот Финансово Работење нуди финансиско евидентирање на сите промени кои настануваат во работењето на едно претпријатие заведени по хронологија на настани.
Програмот финансово работење опфаќа широка палета на шифрарници (конта, коминтенти, ...), внес на налози, ИОС обрасци, затворање ставки (автоматски и поединечно), извештаи по најразлични основи (налози, картици, биланси, состојби ... и по желба на корисникот), , автоматско затворање на година, заклучен лист, автоматски раскнижувања (влезни и излезни документи, менувачница, регистрација...).
Софтвер за финансово работење наменет за неограничен број на фирми. Пристапот до податоците и функциите на апликацијата се ограничени во зависност од привилегијата на корисникот. Програмот финансово работење може да работи самостојно или во склоп на интегриран систем со другите програми и пакети. Програмот финансиско работење подржува мрежно работење (повеќе корисници на различни машини со централизирани податоци).
Во програмот за Финансово работење се појавуваат следните шифрарници наменети за :
- Контен план => Шифраник на конта поделени по класи, групи, синтетика и аналитика. Програмот може да работи со повеќе контни планови во зависност од дејноста (Стопанство, Буџет,....)
- Коминтенти => сите потребни податоци за еден коминтент Фирма, ЕДБ, Адреса, Банка, Жиро Сметка....
- МТР (Места на трошоци) =>ако претпријатието има потреба од следење на трошоци по одредени категории (група, проект, ....)