Основни Средства
Програмот за Основни Средства во себе ги содржи сите елементи за брзо и ефикасно водење на основните средства како и сите пресметки кои се потребни за оваа евиденција. Тука се пресметките на Амортизација, Ревалoризација, доградби, расходување на цел инвентарен број или само дел од него, Кусок, Вишок по попис...
Програмот Основни Средства e направен да може да прави пресметки на Амортизацијата по месеци на годишни ниво, или пак да прави пресметки по денови за секој месец.
Пописни листи
Пописните листи се вадат по потреба на службите во повеќе форми и облици. Попис може да се направи во секое време, да се зачува и споредува. Во програмот за Основни Средства, при изготвувањето на пописот, после внесот на физичкиот попис, автоматски се прави налог за Кусок, Вишок или Отпис.
Во програмот за Евиденција на Основни Средства се појавуваат шифрарници наменети за :
- Коминтенти => ....
- МТР (Места на трошоци) => ....
- Сектор => Одредување на припадност на основното средство (потребно за попис)
- Местоположба => Точна локација на основното средство со што може да се направи листа на задолжени основни средства (реверс)
- Категорија => Од кој вид (категорија) е основното средство (електроуреди, згради, возила,...) Со оваа поделба може да се добие посебна листа за секоја категорија на основни средства
- Конто => Посебебн контен план за основни средства кој е поврзан со контниот план во финансовото работење. При внесот на средствата , во зависност на кое конто му припаѓаат се одредува амортизацијата, конто за амортизација ,конто за исправка на вредноста со што се постигнува автоматско книжење во финансово работење
- Внес на ревалоризација => Ако има ревалоризација се внесува , ако нема овој шифрарник е празен