Авто Школа

 

Авто Школа

АВТО ШКОЛА - ВОДЕЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА

Авто школа е изработена според Правилникот за критериумите, начинот на работа на авто школите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи. Програмот Авто Школа ги задоволува сите одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

ВНЕС, УРЕДУВАЊЕ И БРИШЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ  Нов кандидат, Пробни тестови, Разни услуги, Дополнителни часови, Термин план за теоретска настава, Термин план за практична настава, Термин план за дополнителни часови

Шифрарници за: Категорија, Инструктор, Предавач, Матична книга, Матична книга за дополнителни часови, Теоретски наставен план, Практичен наставен план.

 

ПОТВРДИ КОИ ГИ ИЗДАВА АВТОШКОЛАТА

1. Потврда за проверка на знаењето од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци;

2. Потврда за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило и возач на трактор.

 

ЕВИДЕНЦИИ ШТО СЕ ПОТРЕБНИ ДА ГИ ВОДАТ АВТО ШКОЛИТЕ ЗА ОСПОСОБУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВОЗАЧИ

  • Матична книга за евидентирање на кандидати за оспособување на возачи
  • Евиденција за дополнително оспособување од практичен
  • Дневник за евидентирање на изведениот теоретски дел на програмата
  • Картон за евидентирање за оспособување од практичниот дел
  • Картон за евидентирање за дополнително оспособување на кандидати
  • Евиденција за извршена проверка на знаењето од областа на познавање на правилата во сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци
  • Дневна евиденција за работа на возачите инструктори
  • Евиденција за посебните таблици за означување на возилото

 

Програм за авто школа овозможува воспоставување и водење единствена база на податоци за спроведување на обуката за кандидати за возачи како и стручна анализа.