Софтвер Кабловска Телевизија

 

Кабловска Телевизија - Софтвер

Софтвер Кабловска Телевизија кој нуди и овозможува евиденција на корисници, наплата и сметки.

Во софтверот за кабловска телевизија предвидени се повеќе типови на услуги како што е кабловска телевизија, кабловска интернет и интернет телефонија - таканаречен TRIPLE PLAY систем (три сметки во една). Се извршува месечна пресметка и се печатат наплатни ливчиња преку кои се извршува наплатата. Наплатата на сметките е поврзана со благајничкото работење, од каде се добиваат каса прими и благајнички дневник со евиденција на инкасатор - уплатувач. Исто така со софтверот за кабловска телевизија овозможено е автоматско креирање на фактури од сметките на корисникот. Софтверот за кабловска телевизија овозможува и читање со баркод читач од самите сметки, се со цел да се забрза наплатата. Преку софтверот за кабелска евиденција можете да добиете извештаи за активни и неактивни корисници, листа на корисници со определен број на неплатени сметки и разни други листи.

 

Апликацијата „Евиденција за Кабелска телевизија“ овозможува:

  • Општ внес за евиденција:
    • Внес на корисници на услуги и податоци за нив (реон, адреса, телефон...),
    • Исправање и/или промена на податоците за корисниците на услуги,
    • Внес на видови на услуги кои Кабелската телевизија им ги дава на корисниците,
    • Исправање и/или промена на видовите на услугите кои Кабелската телевизија им ги дава на корисниците,
    • Внес на пакети како комбинација од видови услуги кои Кабелската телевизија им ги дава на корисниците,
    • Исправање и/или промена на пакети од видови услуги Кабелската телевизија им ги дава на корисниците,
    • Бидејќи Кабелската телевизија се јавува и како локален интернет провајдер а не само како кабелска телевизија, односно во нивните услуги спаѓа и пристап на корисниците до Интернет,  базите содржат и податоци за IP адреси на оние корисници кои ја користат оваа услуга,
    • Исправање и/или промена на податоци за IP адреси,
    • Месечни ценовници за извршените услуги,
    • Внес за месечен остварен интернет сообраќај од корисник/IP адреса (преку вчитување на ASCII фајл со податоци или преку рачен внес),
    • Евиденција на наплата по корисник за извршена услуга,
    • Евиденција на извршена наплата од инкасатор
       
  • Посебни внесови и обработка
    • Месечна пресметка за наплата за извршени услуги спрема корисници според соодветниот месечен ценовник,
    • Исправање и/или промена на месечна пресметка за наплата за извршени услуги,
    • Печатење на наплатни ливчиња за корисници (со баркод EAN-13),
    • Евиденција на наплата од корисник/инкасатор (со и без баркод-читач) на извршената уплата преку инкасатор,
    • Издавање на парагон ливчиња „Каса прими/исплати“ и благајничка евиденција на извршената уплата преку шалтер,
    • Евиденција на начин на плаќање од корисници (во готово и со чекови – евиденција на граѓански чекови)
    • Подготовка, меморирање и печатење на фактури за наплата на извршените услуги спрема правни лица.