Брокерско Друштво Софтвер

 

Брокерско друштво

Брокерско друштво е софтвер изработен и наменет за потребите на осигурителни брокерски друштва за задолжување, изработка и печатење на сите видови на полиси за осигурување и зелени карти.

Софтверот за Брокерски друштва е изготвен на начин да ги задоволи потребите и барањата на лиценцираните брокери. Софтверот за брокерско друштво им овозможува на брокерите да задолжат полиси за осигурување и зелени карти, зависно од осигурителната компанија, и истите, доколку има потреба, да ги расподелат по подрижници и агенти. Исто така, можат да изготват полиси од сите типови. Во софтверот за брокерско друштво, можете автоматски да ги задолжите / раздолжите референтите со сите полиси и зелени картони по компании. Исто така со софтверот за брокерски друштво можете да ги поврзете полисите со одредени фактури за плаќање према Осигурителните компании.

Со софтверот за осигурителни брокерски друштва имате можност да вршите продажба на полиси и по договор, односно на рати и за истите да имате евиденција и извештаи во секое време (платени , недоплатени..).

Доколку работите со Технички преглед на возила, софтверот за брокерско друштво автоматски ги превзема податоците од регистрацијата на возила и нема потреба за повторно внесување на истите. Во софтверот за осигурителни брокерски друштва имате можност и за директно раскнижување, групно или поединечно по лица, во финансово работење, каде што се води картица за секој клиент посебно.

Софтверот брокерско друштво содржи повеќе видови на извештаи, кои можете да ги листате и печаатите кога за тоа ќе имате потреба. На располагање ви се Извештаи од продажба, по полиси, за А/О, квартален, образец 4(со export во XML формат),...