Студентска Евиденција

 

Студентска Евиденција

ЕВИДЕНЦИЈА НА СТУДЕНТИ ПО ДОМОВИ И СОБИ

 

Софтверот Студентска Евиденција е изаработен и дизајниран за потребите на Студентски центар "Скопје". Програмот е така направен да води евиденција за сите вселени студенти во постоечките домови, разделени по соби. Студентската Евиденција се состои во тоа што се добива картичка за секој студент со сите негови задолжувања и плаќања. Од истите податоци можат да се добијат разни извештаи кои се потребни за следење на наплатите и задолжувањата, за секој студент посебно, по домови, групи...

Студентската Евиденција е поделена по Домови и по учебни години со запис на студентите кои ги користат капацитетите на домовите. Секој дом е поделен во своја сопствена целина и дава извештаи само за него. Собите се евидентирани во секој дом посебно и се води евиденција и движење на нивната пополнетост и искористеност по вид и големина. Студентите се запишани со адекватни шифри и не може да дојде до дуплирање на истите. За секој студент во секој дом има евиденција (картица) за сите задолжувања и плаќања преку целата година т.е. за време на неговиот престој во домот.

Картичките за студентска евиденција на задолжувањата и плаќањата на студентите е со две салда. Едното салдо е за на крај на финансиската година, а другото салдо е за крај на школската година.

Софтверот за Студентска евиденција ви овозможува во секој момент да може да се види и евидентира секој дом, секоја соба по вид (еднокреветна, двокреветна...), секој студент и пополнетоста на капацитетите и собите со конкретни имиња (кој каде се наоѓа, од кој факултет е студентот,...). Со програмот студентска евиденција може (и не мора) да се поврзат сите домови во една целина и да се контролираат од едно место, по желба, потреба и овластување на службите.

Програмот за студентски домови е така конципиран да може автоматски да врши задолжување на стидентите за секој месец што многу ја олеснува работата и се избегнуваат грешки во рачното внесување. Од друга страна изработен е и модул за раздолжување (плаќање) за секој студент и при доставување на Изводите од Банка во службата за архива со едноставна процедура (автоматски по ЕМБГ) се распоредуваат средствата по домови, соби и студенти, така што одреден студент веќе е раздолжен за одредено задолжување кое му е евидентирано во неговата картица за домување. На овој начин се постигнува следење на студентите од кој во кој дом се селат и каде колку престојувале. Картицата дава комплетно движење на одреден студент и сите негови задолжувања и раздолжувања.

Софтверот Студентска Евиденцијадава целосна слика на пополнетоста на домовите и собите во секое време по разни основи и со конкретни имиња на студентите. Овозможени се и различни цени на домување како редовни,социјални,бесплатни,...

 

Studentska Evidencija - VlezStudentska Evidencija - Vnes Na StudentiStudentska Evidencija - Izbor So Vnes Na DomStudentska Evidencija - IzvestaiStudentska Evidencija - Izvestaj Za Zadolzuvanje PlakanjeStudentska Evidencija - Izvestaj Za Popolnetost Na Sobi